Access Canberra

Дознајте за интернет-страницата accesscanberra.act.gov.au и како да пристапувате до владини услуги користејќи ја вашата дигитална сметка ACT и интернет-страницата за владина помош ACT.

Што можат да направат владините услуги за мене?

Освен за да управувате со вашите лични податоци, можете да ги користите владините услуги за да:

  • заштедите пари пријавувајќи се за попусти
  • се пријавите за попусти или картички за попусти
  • најдете загубени пари
  • да проверите кога треба да ја обновите регистрацијата на вашето возило.
Пристапете на интернет-страницата на Canberra

Како можам да пристапам до електронските услуги ACT?

accesscanberra.act.gov.au има информации за сите владини услуги и ви овозможува да се најавите со вашата сметка ACT Digital за да добиете електронски пристап до нив.

Ако имате проблеми кога ја користите интернет-страницата, можете да се јавите на 13 22 81 од 8-18 часот од понеделник до петок и да зборувате со претставник кој ќе ви помогне да го добиете она што ви треба.

Како да ја создадете вашата дигитална сметка ACT

Можете да ја создадете вашата Дигитална сметка ACT (ACT Digital) за да пристапите до Access Canberra со кликнување на врската Најавете се (Log in) и следење на чекорите. Ќе ви треба:

  • адреса на е-пошта (email address) до која имате пристап
  • тековната поштенска адреса (current street address).

За да извршите надградба на Дигиталната сметка ACT на Ниво 2 на верификација на идентитет (ID Verification Level 2), ќе ви треба примарен документ за лична идентификација, како што е возачка дозвола или важечки пасош, картичката Medicare и број на мобилен телефон.

Тогаш можете да ги следите овие чекори:

  • најавете се на Access Canberra
  • кликнете на врската Мојата сметка (My Account) под лентата за пребарување
  • во менито што ќе се појави, кликнете на Управувај со дигитална сметка (Manage Digital Account)
  • кликнете на Надгради на Ниво 2 (Upgrade to Level 2) и следете ги упатствата.
Кога ќе ја создадете Дигиталната сметка ACT, можете да изберете силна лозинка за да ја заштитите. Бидете сигурни дека не користите лозинка што ја употребувате за друга услуга или сметка.

Што да правите ако се загубите

Ако не сте сигурни каде се наоѓате на интернет-страницата, кликнете на зборовите Access Canberra што се наоѓаат во горниот лев агол на страницата. Така ќе се вратите на почетната страница на Access Canberra. Можеби ќе треба да се најавите (Log in) повторно на вашата Дигитална сметка ACT (ACT Digital account).

Бидете внимателни и не кликнувајте на Државниот симбол ACT (ACT Government symbol) бидејќи тоа ќе ве однесе на страницата act.gov.au. Ако сепак ве однесе таму, можете да кликнете на врската Access Canberra (Access Canberra link) што се наоѓа во близина на горниот дел на страницата, за да се вратите на Access Canberra.

Пристап до основни услуги

За да пристапите до некоја услуга, побарајте ја во мрежата со категории на почетната страница на Access Canberra. Кликнете на категоријата за да видите список со услуги. Некои категории вклучуваат, на пример:

  • заедница и семејство
  • транспорт
  • здравје
  • земјиште, урбанизам, изградба и домување

Некои услуги се вдомени на други владини интернет-страници. Можете да забележите дека една интернет-страница ве насочува на друга кога адресата во лентата за пребарување на прегледувачот се менува. Ако во моментот не сакате да се префрлите на друга интернет-страница, кликнете на копчето Назад (Back button) во веб-прегледувачот.

Како да ја користите услугата Fix My Street

Можете да пријавите проблем поврзан со вашата улица. Тоа може да биде од дупки до скршени улични светла. Кликнете на врската Fix My Street што се наоѓа во горниот дел на интернет-страницата Access Canberra. Можете да изберете некоја од следните категории:

  • трева, дрва или грмушки
  • улични светла
  • патишта, паркинг и возила

Кликнете на една од категориите и следете ги чекорите за да го пријавите вашиот проблем.

Како да ја користите интернет-страницата на ACT за владина помош

Интернет-страницата на ACT за Помош (Assistance) на act.gov.au/assistance ви обезбедува водичи што помагаат со животните трошоци. Кликнете на копчето Наоѓање на заштеда (Savings Finder) на почетната страница и одговорете на прашањата за заштедата што ви треба. Потоа, ќе видите список со заштеди што важат за вас.

Можете слободно да одговорите на прашањата што Наоѓање на заштеда (Savings Finder) ви ги поставува, бидејќи не се потребни лични податоци. Вашите одговори се користат за да се пребараат достапни заштеди, не се зачувуваат електронски и не се поврзуваат со вашата Дигитална сметка ACT.

Како да најдете цени на горива во ACT

Можете да добиете информации за цените на горива од локацијата Access Canberra. Од почетната страница:

  • кликнете на Фер тргување (Fair Trading), а потоа кликнете на Потрошувачи (Consumers)
  • кликнете на Фер тргување за потрошувачи (Fair Trading for Consumers)
  • кликнете на Цени на горива и совет за купување гориво во ACT.

Освен што ви дава информации за цените на горивото, оваа страница ќе ви препорача и две интернет-страници за гориво:

Како да најдете некого со кого можете да зборувате

Владата на Австралиската престолнинска територија (ACT) има неколку услуги што овозможуваат да разговарате со нив ако ви треба. На почетната страница на act.gov.au/assistance кликнете на копчето Лице со кое можам да зборувам (Someone to talk to) што се наоѓа во близина на долниот дел на страницата. Потоа, кликнете на услугата до којашто сакате да добиете пристап. Еве некои примери:

  • Carers ACT, што обезбедува помош за негуватели
  • Health Direct за 24-часовни совети за здравје
  • Lifeline Canberra

Како да го користите горното мени за да најдете попусти

Локацијата Помош (Assistance) исто така има категории за олеснувања и попусти. Тие се наоѓаат во мени во горниот дел на страницата и вклучуваат:

  • домување, цени и комунални услуги за олеснувања за струја, природен гас, вода и канализација
  • превоз и регистрација за олеснувања и бесплатно патување во мрежата ACTION и попусти за такси
  • здравје и грижа за заби за список со Амбуланти (Walk in Centres) и информации за Програмата за забно здравје (Dental Health Program) и помош со трошоци за брза помош.

Можете да ги разгледате категориите со кликнување на менито.

Како да најдете загубени или непобарани пари

Интернет-страницата MoneySmart на Австралиската комисија за хартии од вредност и инвестиции (ASIC) на адресата moneysmart.gov.au ви помага да побарате загубени пари. Ова може да се однесува на загубени банкарски сметки, акции, инвестиции и полиси за осигурување на живот. Интернет-страницата MoneySmart исто така објаснува како да ја користите my.gov.au и ATO за да побарате загубени придонеси за старосна пензија.